Почетна За нас

За нас

од i4admin

Акционерското друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НАРЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје е правен следбеник на Јавното претпријатие за аеродромски услуги „Македонија“ – Скопје, кое е основано од Собранието на Социјалистичка Република Македонија, на 8 Ноември 1990 година.

Со Одлука за преобразба на Јавното претпријатие за аеродромски услуги „Македонија – Скопје во Акционерско друштво во државна сопственост, донесена од Владата на Република Македонија бр. 19-7554/1 од 25.02.2008 година, АД „Аеродроми на Македонија“ Скопје во државна сопственост, продолжува со работа и учествува во правниот промет како негов правен следбеник.

На 24.09.2008 година склучен е Договор број 02-11310 за концесија, развој, финансирање, користење и одржување на аеродромот „Александар Велики“ Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид, помеѓу Владата на Република Македонија, TAV Havalimanlari Holding A.S. и ТАВ Македонија. Врз основа на тој Договор, кој стапи на сила на 01.03.2010 година, активностите околу вршење аеродромски услуги, ги врши концесионерот.

Скратен назив на компанијата е:
АД АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Организациска структура

Управен одбор

  1. Игор Трајановски  – в.д. Претседател на Управен одбор
  2. Мумин Алиу           – в.д. Заменик претседател на Управен одбор
  3. Јово Упески            – в.д. Член на Управен одбор

Надзорен одбор

  1. Целе Најдески        – Претседател на Надзорен одбор
  2. Бејтула Демири      – Заменик претседател на Надзорен одбор
  3. Ангела Нушева       – Член  на Надзорен одбор
  4. Мартин Корубин   – Член на Надзорен одбор
  5. Берат Даути       – Независен член на Надзорен одбор

Мисија

Го развиваме друштвото со цел да обезбедиме одржлив раст и развој за сите наши засегнати страни и акционери. Се грижиме за имотот кој е даден под концесија.

Визија

Нашата визија е да развиеме современа и ефикасна аеродромска мрежа, во која нашите аеродроми ќе претставуваат водечки центри на иновации во регионот. Стремиме кон висококвалитетна инфраструктура, одржлив развој, врвно задоволство на клиентите и постојано унапредување на услугите и стручноста на нашите вработени.

Стратегија

Друштвото применува стратегија заснована на ефикасно управување со ресурсите и одржување на ниски оперативни трошоци.