АД АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА по склучувањето на Договорите за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за изведба на проектот за подобрување на капацитетот за патници во терминалната зграда на Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, од 6 ноември 2025 година, заедно со останатите договорни страни започна со реализацијата на проектот за зголемување на капацитетот и квалитетот на опслужување на патници во терминалната зграда на Аеродром Св. Апостол Павле – Охрид.
Со овој проект се обезбедува современа, функционална и енергетски поефикасна терминална зграда, која овозможува подобро опслужување на патниците и создава предуслови за понатамошен развој на аеродромската инфраструктура. Целта на овој проект е Аеродромот ,,Св. Апостол Павле – Охрид” да прерасне во современ и функционален терминал, кој ќе одговори на зголемените барања на воздушниот сообраќај и ќе обезбеди поквалитетно и поефикасно искуство за корисниците.
306
Претходна објава