Биографија
Игор Трајановски е професионалец со повеќе годишно менаџерско искуство во државниот и приватниот сектор. Роден на 20.05.1972 година, во Скопје.
Игор Трајановски докторирал на Факултетот за применети општествени науки во Љубљана и се стекнал со научен назив Доктор на науки.
Магистрирал на Правен факултет при ,,Св. Кирил и Методиј”, Скопје и се стекнал со право на научен степен Магистер по меѓународна политика.
Дипломирал на катедрата по социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје.
- Тој својата кариера ја започнува во АД Македонска Пошта, Скопје како Соработник за безбедност во 1994 година.
- Од 2009 година работел во Евроинс осигурување АД Скопје, како Директор за проценка и ликвидација на штети.
- Во 2017 година е назначен за Заменик директор во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз.
- Од 2019 година работел во Халк осигурување АД, Скопје, како Менаџер на агенција.
- Од 2021 година, работел како Проектен менаџер во компанијата Чептер 4, Скопје.
- Од 2023 година работи како Асистент-истражувач при Факултетот за информатички студии, Ново Место, Словенија.
- Во декември, 2024 година, Игор Трајановски е назначен за в.д. Генерален директор на АД АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА и Претседател на Управниот одбор на АД АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.
Игор Трајановски говори англиски, српски, хрватски и словенечки јазик.